Maкедонски алпинист почина на Хималаите

Сподели

Македонскиот алпинист Георги Петков од Гевгелија, починал од срцев удар на Хималаите во обид да го освои највисокиот врв Монт Еверест.

Веста за смртта ја потврдија менаџерот на базниот логор Ками Нуру Шерпа, објавена e на сајтот “Himalayian” и планинарското друштво “Кожуф” каде членувал доктор Георги Петков.

Петков тргна на мисијата за освојување на Монт Еверест на 24. март оваа година и беше дел од експедицијата предводена од британскиот алпинист Тим Мосејдеј.