Презентирана европска кампања за намалување на сиромаштија

Сподели

Европската кампања за гарантирани шеми за минимален приход беше презентирана во Скопје. Претставници на европската мрежа за борба против сиромаштијата допатуваа со брендиран европски автобус со цел да се отвори дискусија со граѓанските организации за начините за итно намалување на сиромаштијата. Според организаторите, со воведување на гарантирани шеми за минимален приход ќе биде загарантирана поддршката на ранливите категории, а ќе бидат и прилагодени трошоците за живот. Кампањата во Mакедонија е имплементирана од македонската платформа за сиромаштија.

24.mk