Никола Димитров за АНА-МПА: Преговорите се во крајната фаза

Сподели

Проценка дека преговорите се наоѓаат во крајната фаза, изразува шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА по завршувањето на состанокот во Брисел.

Димитров за АНА-МПА вели дека се надева дека е изводливо до Самитот на ЕУ на 28 јуни да се најде решение и додава дека вчера имал „добра средба“ со неговиот грчки колега.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на македонската дипломатија во изјавата рекол дека консултациите продолжуваат на техничко ниво со правни експерти од двете земји и оценил дека во текот на неделава се очекува телефонски разговор на двајцата премиери.

– Во врска со средбата што денес ја имаше со министрите за надворешни работи на ЕУ, Димитров рече дека ги информирал за текот на преговорите, за напорите што се прават на билатерално ниво за изнаоѓање решение во прашањето за името, како и за тоа колку би било важно решавањето на ова прашање за целиот регион на Балканот – објави грчката новинска агенција, пренесувајќи ги ставовите на шефот на македонската дипломатија.