ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните и јужните делови на земјата ќе има појава на краткотраен локален дожд и грмежи. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 7.

Утринските температури ќе се движат од 9 до 16, а дневните од 27 до 32 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне малку ќе има зголемена облачност. Температурата ќе се движи од 14 до 31 степени.

До утре во попладневните делови од денот и особено во крајните западни и јужни делови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, а во петок ќе има и зголемување на облачноста.

Во деновите од викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално се очекуваат и поинтензивни процеси. До утре, кога ќе биде и најтопло, дневните температурите ќе бидат во благ пораст.