Владата го објави писмото – замолница од премиерот Зоран Заев до Вселенскиот патријарх Вартоломеј.
Заев, од собраниската говорница рече дека тој не побарал „бришење на зборот македонска од името на МПЦ“.
“Дополнително на писмото кое Светиот синод на МПЦ го испрати, јас напишав писмо и го испратив до Светиот синод на Вселенската патријаршија да помогне при признавањето. Никој не побарал ниту може да го смени името на МПЦ. Не е тема на дебата името, прашањето е помош околу решавање на црковниот спор, кој постои од возобновувањето на МПЦ-ОА“, рече Заев.