Роберт Алаѓозовски денеска му го отстапи министерското место во Култура на новоизбраниот министер, Асаф Адеми.
Асаф Адеми и официјално седна во министерската фотелја за култура.
Алаѓозовски ќе биде национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка, велат од Владата и додаваат дека е тоа функција предвидена со закон. Алаѓозовски наскоро за оваа функција ќе биде именуван од Владата.