Продолжуваат рочиштата за “Монструм” и “Тарифа”

Сподели

Во Кривичниот суд во Скопје денеска ќе се одржат нови рочишта за предметите на СЈО, „Монструм“ и „Тарифа“.

Судењето за случајот „Монструм“ на СЈО, за петкратното убиство кај Смилковско езеро треба да продолжи со репродуцирање на снимка од исказот на обвинетиот Хаки Азири дадена пред јавен обвинител.

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи и судењето за случајот „Тарифа“ на СЈО, во кој обвинети се поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште други две лица.