Бугарскиот премиер Бојко Борисов ја откажа средбата со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој е во дводневна официјална посета на Софија, каде беше предвидено да се сретне со бугарскиот државен врв, објави бугарски „24 часа“.
Причината за откажувањето на двете средби е арогантното однесување на Иванов во текот на вчерашниот ден, откако беше објавено постигнатото решение за проблемот со името меѓу Македонија и Грција.
Во бугарските медиуми пишува дека разочарување од Иванов преовладува во целата Европска комисија, поради најавеното саботирање на процесот за постигнување договорот со Грција.
Информацијата за откажувањето ја потврди и бугарската влада.
Македонскиот претседател денеска остварил средба со бугарскиот колега Румен Радев.