Пратеникот на грчката ултрадесничкарска партија Златна Зора, Константинос Барбарусис е уапсен утрово во Атина во куќата на својот пријател.
Како што јавуваат грчките медиуми, Барбарусис бил уапсен од антитерористичката полициска единица.
Барбарусис беше во бегство од петокот oткако обвинителот го обвини за предавство, пишува Катимерини.
Во обраќањето пред пратениците во петокот, за време на интерпелацијата во грчкиот парламент, Барбарусис рече дека војската треба да го уапси премиерот Алексис Ципрас, министерот за одбрана Панос Каменос и грчкиот претседател Прокопис Павлопулос за да се спречи “предавството” односно договорот со Македонија.