Напад на полициска станица во Турција, тројца загинати

Сподели

13339505_1733023710248252_9123606876795382019_n

13423924_1733023683581588_6973514581677605772_n

13330914_1733023750248248_4942331859257653326_n13335823_1733023756914914_2673902049775183_n

На југот на Турција, во близина на границата со Сирија, експлодира автомобил-бомба пред полициска станица. Убиени се двајца цивили и полицаец, а ранети се 34 луѓе.

Турската агенција „Анадолија“ објави дека на местото на експлозијата, во градот Мидијат, во јужната турска провинција Мардин, пратени се повеќе амбулантни коли.

Нападот следуваше по вчерашниот смртоносен напад на полициски автобус во туристичката зона во Истанбул, во кој беа убиени 11 и ранети 36 лица.

Премиерот Бинали Јилдрим на новинарите им рече дека нападот го извршиле припадниците на забранетата Курдистанска работничка партија.

Јилдрим рече дека бетонските бариери и другите безбедносни мерки пред седиштето на полицијата спречилe да има повеќе жртви.

Напад на полициска станица во Турција, тројца загинати