МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд проследени со ретки грмежи, пообилни во јужните делови, особено претпладне. Ќе дува слаб, а попладне умерен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од осум до 17, а дневната од 12 до 22 степени. УВ-индексот ќе изнесува 4.
Во Скопје променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб, а попладне умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 21 степенi.
Вo петок и вo сабота времето ќе биде сончево со значителен пораст на дневната температура, но во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.