Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека од почетокот на годината до крајот на јуни, открила вкупно 60.809 килограми небезбедна храна од животинско потекло, односно месо, производи од месо и од млеко, риби, мед и јајца.
Од тоа, АХВ уништила 17.141 килограми небезбедна храна, а поголемиот дел, или 43.668 килограми, биле уништени од фирмите, врз основа на налози од Агенцијата.
Од вкупното количество од речиси 61 тон храна, 59,3 тони се од домашно производство, а остатокот од увоз.
Агенцијата ги повикува граѓаните, случаи на небезбедна храна да пријавуваат на бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22 или електронски на info@fva.gov.mk.