Владата организира прослава во 15 градови за поканата за членство во НАТО

Сподели

Владата организира „голема граѓанска прослава“ за поканата за членство во НАТО, во 15 градови ширум земјата заедно со преку 40 домашни артисти и музичари в сабота, 14 јули.

„Македонија започнува нова приказна – добивме покана за членство во НАТО и датум за преговори со ЕУ.  Застануваме рамо до рамо со најсилните земји од Европа и светот. Македонија зачекорува во ново време. Време на надеж, на победи, на гордост. Време на сигурност и безбедност. Доаѓа време на подобар живот за сите граѓани тука во нашата земја. Се изборивме за сигурна иднина“, се вели во поканата до граѓаните на фејсбук-настанот на Влада.