Започнува „Скопско лето 2018″: Во Сули-ан проекција на филмот “Смртта на Сталин“

Сподели

Со проекцијата на филмот „Смртта на Сталин“ вечер во 21 часот, на Факултетот за ликовни уметности – „Сули ан“ ќе биде отворено овогодинашното Кафе – кино во рамки на „Скопско лето 2018“.

Филмот – историска комедија е во режија на Армандо Ианучи, снимен 2017 година, како британско-француско-белгиско-канадска копродукција. Има добиено две номинации за БАФТА, а се закитил и со повеќе награди на меѓународни фестивали. Има добиено четири награди од вкупно 13 номинации за британските награди за независен филм, награда „Емпаер“ за најдобра комедија, награда за режија на Фестивалот на комедијата во Монте Карло, награда на филмската критика ФИПРЕСЦИ во Торино,…

Улогите ги толкуваат Стив Бушеми, Сајмон Расел Бил, Олга Кириленко, Џејсон Ајсекс.

Филмот ги следи последните денови на советскиот диктатор и го отсликува хаосот на режимот по неговата смрт.