Џафери: Седницата за избор на членови на ДИК не била закажана, затоа и не е откажана

Сподели

 

Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија реагира на написите пласирани во дел од порталите, а се во врска со наводното одложување на седницата на којашто треба да се изгласаат членовите на Државната изборна комисија. Во написите е неточно наведено дека  процесот на избор на членови на Државната изборна комисија е попречен поради отсуството на претседателот на Собранието на Република Македонија од приватни причини – се вели во соопштението.

Седницата на Собранието на којашто ќе се гласа за новите членови на Државната изборна комисија, воопшто не беше закажана, што значи немало и што да се откаже.

На 23 јули 2018 година, претседателот на Собранието чекаше вакво известување до полноќ и истото не пристигна. Затоа седницата не беше ниту закажана.

Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија ги поттикнува сите новинари, како и досега, да се обратат до Кабинетот за да добијат прецизна, точна и навремена информација, со цел да се превенира ширење на нецелосни и невистинити вести во јавноста – стои во соопштението.