Половината Британци бараат нов референдум за Брегзит

Сподели

Според последната анкета објавена во Велика Британија, 78 отсто од граѓаните сметаат дека Владата лошо управувала со процесот за излез од ЕУ (БРЕГЗИТ), а 50 отсто од нив побараа да се одржи нов референдум за Брегзит, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според анкетата на компанијата „Sky Data“ направена помеѓу 20 и 23 јули, во која учествуваа 1.466 испитаници, повеќето од граѓаните се изјасниле дека се за Владата да го стави на референдум договорот за Брегзит, што ќе го достави до ЕУ.

Според тоа, 50 отсто од граѓаните сакаат референдум кој ќе се состои од опциите „Договор кој го предлага Владата“, „Излез без договор“, и „Останување во ЕУ“.

Седумдесет и осум отсто сметаат дека Владата лошо управувала со процесот Брегзит, додека 74 отсто го сметаат за незадоволително раководењето на Тереза Меј како премиерка на државата.

Според анкетата, 31 отсто од испитаниците сметаат дека Брегзит ќе се одрази позитивно во однос на нивниот личен живот, додека 42 од нив имаат негативно мислење околу тоа. Педесет и еден отсто сметаат дека Брегзит ќе има лошо влијание за целата земја.

По оставките на Борис Џонсон и Дејвид Дејвис, поранешни членови на Кабинетот на Меј што беа за Брегзит, британската премиерка соопшти дека таа самата ќе ги води преговорите со ЕУ.

Британската Влада со новиот пристап до преговорите кој го соопшти на 6 јули, отвори врата за специјални договори за трговија и царина со ЕУ. Неколку дена потоа, министерот за Брегзит, Дејвис, и министерот за надворешни работи, Џонсон, дадоа оставка.