МАКЕДОНИЈА – Денеска времето во Македонија утре ќе биде променливо облачно, попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, претежно во планинските региони. Ќе дува умерен северен ветер.Утринската температура ќе се движи од 14 до 23, а дневната температура од 24 до 36 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи и дневна температура до 33 степени.
До петок ќе се задржи променливо облачно, на места, а особено на планините, со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни и почести врнежи од дожд ќе има во четврток и петок.
За време не викендот се очекува постабилно и сѐ потопло време.