Австрискиот канцелар Себастијан Курц, чија земја во моментов претседава со ЕУ, на 7 септември ќе ја посети Македонија на покана на премиерот Зоран Заев, пред закажаниот референдум за промена на името.
При последната посета на Заев на Виена, на крајот на јуни, Курц упати апел до граѓаните на Македонија на референдумот да гласаат за новото име „Северна Македонија˝.
– Договорот околу името на државата со Грција е одлучувачки напредок во процесот на приближување на Македонија до ЕУ – истакна Курц.
Според него, постигнувањето напредок за европската перспектива е еден од приоритетите на австриското претседавање со ЕУ.
-ЕУ не е целосна без државите од Западен Балкан – подвлече Курц.
.