Во Соединетите Американски Држави во вооружени напади извршени последните два дена во Чикаго, убиени се 9 луѓе, а 60 се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата на Чикаго објави информации за безбедносната ситуација за време на викендот, кога е одржан еден од најголемите музички фестивали во САД „Lollapalooza“.
Официјалните преставници на полицијата истакнаа дека меѓу загинатите се наоѓа 17-годишна девојка, а меѓу ранетите е едно 11-годишно момче.
Најголемиот дел од нападите се извршени во неделата, во јужните и западните подрачја на градот. Во неделата за само 7 часа се убиени 4 лица, а 40 се ранети.
Од почетокот на годината досега во Чикаго се убиени 314 лица, а 1.769 се ранети.
Минатата година во овој град се извршени 2.785 напади во кои се убиени 674 лица, а 3.567 се ранети.