Субрата Рој излезе од затвор

Сподели

00

Индискиот бизнисмен Субрата Рој деновиве повторно се најде во фокусот на медиумите во Индија. Облечен во традиционална индиска облека, Рој привремено го напушти затворот „Тахир“.

Како што јавуваат индиските медиуми, Врховниот суд го ослободил Рој за да може да присуствува на погребот на неговата мајка.

Тој на почетокот доби само четири недели условна слобода, но сега таа е продолжена до 11 јули, до кога Рој треба да обезбеди кауција во висина од околу 30 милиони американски долари.

Првичната сума што Рој требаше да ја плати за кауција изнесуваше 880 милиони долари.

Дел од фирмите на Рој во Македонија сè уште функционираат.

Индискиот милијардер од државата го доби на користење земјиштето на агрокомбинатот „Џумајлија“.

Субрата Рој излезе од затвор