Традиционален фолклорен фестивал, ,,Здравко Банар” – Охрид во сите бои на светот

Сподели

 

По осумнаесетти пат, во екот  на главната летна туристичка  сезона, во Охриди и Струга, се одржува интернационалниот детско-младински фолклорен фестивал, ,,Здравко Банар”.

Во рамките на фестивалот, се организираат мноштво активности и концерти, секоја година –  од април па се до октомври.

Вчера вечер, на градскиот плоштад “Св.Климент Охридски”  на концертот, односно во изведбите и импресивниот колорит на носиите, уживаа илјадници туристи од земјата и светот. Тие имаа ретка прилика, на едно место, да се запознаат со фолклорот на Хрватска, Босна и Херцеговина, Романија, Русија, Република Српска, и Турција.

 

 

Фестивалот продолжува до крајот на месецов, а наредниот концерт ќе се одржи на истата сцена во Охрид, на 18. август.

– Целта на овие фестивалски манифестации е да се зачува и збогати нашето фолкорно наследство, како и летната културна понуда на  двата наши, крајезерски туристички центри – Охрид и Струга. Низ разновидни песни, игри и обичаи, се гради мост на пријателства помеѓу земјите и народите, а истовремено се оживува минатото, поврзувајќи не со сегашноста, вели организатор на фестивалот “ФА Охрид 2010“,  директор и голем ентузијаст,  Здравко Јакимоски.

 

 

Веле Митаноски