Неколку десетици луѓе загинаа денеска при уривање на вијадукт над Џенова, јавуваат италијанските медиуми.
Претставник на локалната итна служба рече дека има и мртви. И пожарникарите потврдија дека има жртви по уривањето на вијадуктот Моранди околу 11:30 часот по локално време по поројните дождови.
Во несреќата се урнаа околу 200 метри од сто метри високиот надвозник, при што паднаа најмалку десет автомобили.
Италијанската новинска агенција АНСА јави дека властите се сомневаат дека причина за несреќата е недоволната стабилност на конструкцвијата на надвозникот.
Надвозникот бил изграден во 60-тите години од минатиот век, а реконструиран во 2016 година.