Бројот на жртвите при уривањето на мостот Моранди во Џенова се зголеми на 35 лица. Според италијанскиот заменик – министер за сообраќај, Едоардо Рикси, бројот на жртви ќе продолжи да расте.
– Неприфатливо е толку важен мост да не биде изграден на начин за да се избегне ваков вид на колапс. Се урна централниот дел на надвозникот, а најмалку 20 возила паднале од мостот – изјави Рикси.
Италијанските власти наведуваат дека спасувачките екипи трагаат по преживеаните.
Италјанскиот премиер Џузепе Конте во текот на денот ќе пристигне во Џенова, најавија од неговиот кабинет каде ќе остане и утре.
На местото на несреќата се ангажирани околу 200 пожарникари.