Министерство за здравство: Во тек е јавната набавка на инсулин за 2018 – 2020 година

Сподели

Министерството за здравство соопшти дека денес ја почна постапката за јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал, за периодот септември 2018 – септември 2020 година.

„Постапката и процедурите се соодветно испланирани, согласно бројот и потребите на пациентите и населението во Република Македонија, кое директно или индиректно ги користат именуваните медицински препрати, уреди и потрошни материјали.

Согласно побарувањата во тендерската документација, првпат по шест години во Република Македонија се очекуваат нови лекови за дијабетес, како што се инсулини и ампуларна терапија. Во целиот процес беше вклучена и Националната комисија за дијабетес“, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

За таа цел, пред да биде распишана предметната јавна набавка, од Министерството ги контактиравме граѓанските здруженија, кои дадоа свои мислења за воведување новитети

Од Министерството нагласуваат дека до завршувањето на постапката за јавна набавка, инсулин има во доволни количини во сите инсулински аптеки.