МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и југозападните делови.
Минималната температура ќе се движи од 12 до 21 степени, а максималната од 25 до 33 степени, соопшти Управата за хидерометеоролошки работи.
Во Скопје не очекува променливо облачно време, претежно попладне со појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 32 степени.
Во петок и сабота условите за нестабилност ќе се намалат и во поголем дел од земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во недела и понеделник во попладневните часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.