Џафери: Во рок од три дена партиите да го кажат ставот за референдумот

Сподели

Претседателот на Собранието Талат Џафери достави известување до пратеничките групи во кое бара во рок од три дена да одговорат дали ќе учествуваат во јавната пропаганда за референдумот која треба да ја спроведе Собранието, како и за тоа каква кампања ќе водат, дали ќе бидат „за“ или „против“ референдумското прашање.

Известувањето е упатено до координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, Беса, како и до пратениците на ДПА и Алијансата за Албанците.

Рокот од три дена Џафери им го дава на координаторите на пратеничките групи e заради планирана и соодветна распределба на овие средства за реализација на јавната пропаганда.

Собранието формираше Координативно тело за спроведување на референдумот на државно ниво на 30 септември и водење на јавна кампања. Со Координативното тело ќе раководи Џафери, а негови членови ќе бидат потпретседателите и координаторите на пратеничките групи.