Судењето за „крвавиот четврток“ продолжува на 31. август

Сподели

Судскиот процес за насилствата во Собранието на 27. април минатата година, ќе продолжи на 31 август.

Рочиштето ќе започне со сослушување на сведоци предложени од обвинителството, откако на денешното рочиште обвинетите, кои се теретат за терористичко загрозување на уставниот поредок, рекоа дека го разбираат обвинението, но оти не се чувствуваат виновни.

Како сведоци повикани се министерот Дамјан Манчевски, Фросина Ременски, Павле Богоевски и Илија Николовски.