Манчевски, Ременски и Богоевски – сведоци за насилството во Собранието

Сподели

Судскиот процес за упадот и насилството во Собранието на 27. април,  продолжува денеска со сослушување на сведоците Дамјан Манчевски, Фросина Ременски, Павле Богоевски и Илија Николовски.

Обвинетите се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие на претходното рочиште во Кривичниот суд кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

Ова е петто рочиште од почеток на судењето. Претходните судски расправи траеја повеќе од шест часа. Во судницата беа присутни сите 33 обвинети, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок, а две за помагање.

Претседател на судечкиот совет е Добрила Кацарска. Обвинителка е Вилма Рускоска.