Шилегов: Запрена е изградбата на гасоводот на Водно – повик за дебата во понеделник

Сподели

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска информираше дека се прекинати сите градежни активности за изградба на гасоводот на Водно сè до завршување на процесот на дијалог и дебата. Тој ги повика претставниците на надлежните државни органи, како и претставниците на граѓанските здруженија на дебата во понеделник во 13 часот во просториите на Советот на Град Скопје.

– Изградбата на гасоводот на Водно предизвикува загриженост и реакции во јавноста. Сакам да потенцирам дека пред почетокот на градежните активности претходеа интензивни разговори со активистите и со загрижените граѓани и се бараа заеднички алтернативни компромисни решенија. Токму како резултат на овие разговори успеавме да се избориме за намалување на ширината на трасата на гасоводот од 25 на 10 метри и измени на трасата во еден дел од четири километри. Но, и покрај тоа, очигледно е дека во јавноста сè уште постои загриженост за ваквата траса и за изградбата на гасоводот. Јас како градоначалник не можам мирно и немо да го набљудувам овој процес – рече Шилегов