Јанчев: Вака топло-ладно не ѝ личи на партијата

Сподели

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев потпретседател на ВМРО ДПМНЕ е против одлуката на партијата да се остават членовите и симпатизерите сами да одлучат дали ќе гласаат на референдумот на 30.септември.

Вели дека партијата треба да има прецизен став за ова прашање. За дел од аналитичарите одлуката е очекувана.

Митко Јанчев, еден од потпретседателите на партијата и член на Извршниот комитет во изјава за МКД.МК вели дека не се согласува со ставот секој сам да одлучи како ќе постапи. Иако не присуствувал на седницата и гласал телефонски, вели дека најверојатно е единствениот кој бил против овој став.

-“Не се согласувам со одлуката на партијата во однос на референдумот. Јас сметам дека ВМРО-ДПМНЕ треба да го повика членството да излезе на референдумот на 30 септември и секој сам да одлучи за својот глас, „за“ или „против“. ВМРО-ДПМНЕ мора да има прецизен став, за бојкот или за излегување на референдумот. Вака топло-ладно не ѝ личи на партијата”, изјави Јанчев.