Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор на Грција, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчкото радио „Реал фм“, уште еднаш го повторува ставот дека Договорот од Преспа без проблем ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент.
– Секако дека ќе помине во парламентот. Може секој да ги изброи политичките изјави дадени до сега и да види дека постои реално мнозинство за да помине Договорот од Преспа и да биде ратификуван од грчкиот парламент. Според тоа, не постои никакво прашање, никаква причина за нас, да отвориме во овој момент предизборна дискусија, изборна дискусија или нешто такво – вели Ѕанакопулос.