DW: Паднаа маските – ВМРО-ДПМНЕ отворено повика на бојкот!

Сподели
Mazedonien vor dem Referendum über Namensänderung (DW/B. Georgievski)

ВМРО-ДПМНЕ и јавно ја призна определбата за бојкот, како и постоењето на групи, кои на денот на референдумот ќе го покажат „силниот и масовен отпор на народот“. Ова го соопшти потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на вчерашните средби со граѓани во Општините Центар и Сопиште, при што се повика на „впечатоците од средбите на терен“.

„Волјата е јасна, е забележителна, значаен дел од граѓаните се против договорот, најголем дел одлучуваат да остануваат дома и тоа е она што го очекуваме во недела“, јавно повика Николоски.

Само пред неколку дена тој одби во интервју на „1 ТВ“ да каже како ќе постапи на референдумот, со цел „да не влијае врз гласачите“. Неговото јавно изразено „очекување на бојкот“ три дена пред рефрендумот, ги потврди сите досегашни сомнежи дека официјалниот партиски став бил наменет исклучиво за манипулирање на домашната и меѓународната јавност.

Mazedonien Hristijan Mickovski Parteichef der oppositionellen VMRO DPMNE (Getty Images/AFP/R. Atanasovski)

Во партијата има незадовилство поради манипулативните ставови на Мицкоски

Мицкоски најмизерно манипулира

Извори во партијата кои не се согласуваат со матниот партиски став кон референдумот, потврдуваат дека најголемото манипулирање на граѓаните го прави токму врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Мицкоски и екипата околу него најмизерно ги манипулираат граѓаните и членството. Донесоа партиски став ‘секој да постапи по свое убедување’. Па токму Николоски изјави дека нема да се изјасни како ќе постапи лично, со образложение ‘да не влијаел врз гласачите’. А сега и тој и другите, го прават токму спротивното. Само погледнете штo се случува на Фејсбук. Токму лица од божем ‘неутралното’ раководство ставаат лајкови под секоја објава на пратеници и членови на Извршниот комитет кои се изјаснуваат за бојкот. Со тоа потврдуваат дека декларираниот став на ВМРО-ДПМНЕ е целосно лажен“, коментираат нашите соговорници.

 

Сите за референдумот, Мицкоски за роденденот

Како еклатантен пример за двојните игри ја посочуваат објавата на Фејсбук на Марија Петрушевска, претседателка на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Петровец.

„Таа повикува ‘не излегуваме да гласаме’, но тоа не го прави од свое име, туку замислете – од името на целиот Општински Комитет во Петровец. Притоа  ја објавува и се реферира на објавата нa Цветан Трипуновски, член на Извршниот комитет, која гласи – ‘На 30-ти септември не излегувам’. Јасна е оваа манипулација на Мицкоски, реализирана преку другите нивоа и структури во партијата. Демек, тој е чист, другите така си решиле. На Мицкоски му одговара бојкот, бидејќи знае дека оние што ќе се изјасат ‘против’ ќе бидат мерка за неговиот легитимитет, а тие нема да бидат мнозинство. Затоа сака да се скрие зад сива бројка на апстиненти. Но, граѓаните и нашите сопартијци треба да сфатат дека овој референдум не е за одбрана на лидерската позиција на Мицкоски и за судбината на поранешниот претседател Груевски, туку за иднината на Македонија“, потенцираат соговорниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Mazedonien Gebäude Regierung (DW/P. Stojanovsk)По налог на ВМРО ДПМНЕ се формирани групи за набљудување на референдумот и ширење информации за наводни неправилности

Групи замаскирани зад „народот“

Второто признание кое вчера стигна од партискиот потпретседател, Александар Николоски, е постоењето на групи, кои на денот на референдумот ќе го покажат „силниот и масовен отпор на народот“. Откако неаргументирано обвини за „идеи да се направи фалсификат на самиот ден на гласање“, тој соопшти: „Тоа нема да помине, имајќи предвид дека граѓаните се организираат да го мониторираат и набљудуваат овој процес, како што имаме информации преку разни здруженија на граѓани. Но, исто така ќе бидат будни и членовите на ВМРО-ДПМНЕ и секој евентуален потег или желба да се фалсификува волјата на граѓаните или да се намести самиот процес, ќе наиде на силен и масовен отпор од страна на народот“.

Како што ДВ дознава од партиски извори, поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ и партиски војници вработени во државни институции во мандатите на претходната власт, по налог на партијата формирале повеќе организации за набљудување на плебисцитарното изјаснување, организирани со мобилни екипи, и со задача да продуцираат што повеќе информации за наводни неправилности на денот на изјаснувањето, што би создало атмосфера и впечаток дека процесот е нерегуларен. Ова било потребно за однапред да се обезбеди алиби за политиката и позицијата на Мицкоски, доколку исходот на референдумот не се совпадне со партиските желби и прогнози.

Според нашите извори, врвот на партијата дал и налог да се убедува членството, дека „ова што  се случува на Македонија многу брзо ќе заврши, дека наскоро ќе има предвремени парламентарни избори на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, дека власта ќе гние по затвори, и затоа треба референдумот да се бојкотира“.

На силни критики бил изложен ставот на поранешниот висок партиски функционер и министер за здравство, Никола Тодоров, кој јавно изјави дека на ВМРО-ДПМНЕ не му одговараат предвремени избори, бидејќи го има изгубено коалицискиот потенцијал и дека ќе изгуби на избори ако се соочи со евентуална коалиција меѓу партиите од сегашната власт. За да ги елиминират ваквите и слични отрезнувачки гласови кои не се вклопуваат во партиските маниплуции на членството, бил даден налог Тодоров да биде „масакриран“ на социјалните мрежи.

 

DW.COM