Нимиц: Ова е добредојден напредок не само за вашата држава туку и за регионот и за Европа

Сподели

Сакам да им честитам на сите политички сили во државата, и конкретно на нејзиното лидерство за овој важен чекор”, изјави Нимиц за Гласот на Америка, по вечерашното гласање.

Сакам да изразам големо задоволство за вечерашниот резултат во Парламентот, изјави за Гласот на Америка медијаторот Метју Нимиц.

„Ова е добредојден напредок не само за вашата држава туку и за регионот и за Европа. Сакам да им честитам на сите политички сили во државата, и на нејзиното лидерство конкретно за овој важен чекор”, вели Нимиц.

Тој нагласува дека особено бил воодушевен од тоа како демократскиот систем функционирал ефективно и одговорно, како и од демократскиот дух на граѓаните.

“Се надевам дека останатите чекори ќе се одвиваат лесно за да се заврши овој процес. Ги охрабрувам сите политички лидери да работат заедно конструктивно да го финализираат договорот, и да продолжат со неговата имплементација”, рече Нимиц и додаде:

“Во име на Генералниот секретар можам да ве осигурам дека Обединетите нации се подготвени да ви помогнат во овој процес, како и секогаш”.