Заев: Од 1. јануари-6 милиони евра за поддршка за развојот на спортот во Македонија

Сподели

 

Владата е силен поддржувач на спортот и ќе продолжиме и понатаму со сите политики на поддршка на спортот.

Новините кои што ги разработуваме и кои треба да отпочнат да се применуваат од јануари 2019 година, е воведување на таканаречените спортски ваучери, каде што дополнително 6 милиони евра ќе вбризгаме, за поддршка на севкупниот спорт во Република Македонија.

Во новиот буџет за 2019 година ги предвидовме првите финансиски средства за изградба на Дом на спортовите, каде што ќе бидат вдомени сите спортски федерации. Локацијата е обезбедена, со проект од два и пол милиони евра, финансиран директно од буџетски средства, секако потпомогнат и од Олимпискиот Комитет.

Исто така, она што ми е важно, е дека Агенцијата за млади и спорт, продолжува и понатаму со сериозна поддршка во севкупниот спорт во Република Македонија, поради тоа што веруваме дека ако спортот оди напред, тоа е доказ за растот и развојот на државата, – изјави премиерот Заев.