Патнички авион во кој имало 189 луѓе се урнал во морето, во близина на индонезискиот град Џакарта, 13 минути откако полетал.
Авионот Боинг 737 бил нов модел кој минатата година почнал да се употребува глобално и се користел само два месеци.
Се претпоставува дека причина за уривањето на авионот се технички проблеми. Првиот човек на авиокомпанијата „Лајон Ер“, изјавил дека пилотот непосредно по полетувањето побарал дозвола да се врати назад, на аеродромот во Џакарта.
Авионот претходно веќе имал тенички проблеми кои наводно биле остранети пред кобниот лет.
Додека трае акцијата за пронаоѓање и спасување на преживеани, властите објавија снимки од остатоците од авионот и лични предмети на патниците како пловат во водата на местото на несреќата.