Заев на средба со независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

 

Премиерот Заев попладнево имаше средба со осумтемина пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, на која присуствуваа и министрите за надворешни работи и за правда, Никола Димитров и Рената Дескоска.

На средбата станало збор и за формирање координативно тело за помирување во кое тројца членови би биле од новата пратеничка група, како и координаторите од другите пратеничките групи.

-Можам да констатирам дека во тој дел на дебатата за нацрт-амандманите изнајдовме конкретни насоки што ни беа дадени нам како изготвувачи на нацрт-амандманите и за делот за зајкнувањето на македонскиот идентитет и во делот на гаранцијата дека процесот ќе биде истеран и нема да биде блокиран, односно гаранцијата дека уставните амандмани ќе влезат на сила со ратификацијата на договорот во грчкиот Парламент, но и во делот на внатрешната примена како тоа новото име ќе почне да се применува, рече Заев.

До петок ќе има уште една средба со осуммината пратеници, кога ќе биде изготвен текстот на нацрт уставните амандмани и во нив ќе бидат инкорпорирани поголемиот дел од предлозите како и дека продолжуваат консултациите за нацрт-амандманите со другите пратеници од мнозинството, но и од БЕСА и Алијанса на Албанците- изјави Заев.

За предложениот закон на ВМРО-ДПМНЕ за амнестирање на сите инволвирани во организираниот напад во Собранието на 27 април лани, Заев вели дека не е прифатлив, бидејќи, како што рече, се урнисува правната држава.

https://www.facebook.com/MakedonskaInformativnaAgencija/videos/721526674869252/