Лилјана Затуровска пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ поднесе оставка од Унија на жени, веднаш по сопартијката Рангелова.
Затуровскак ја образложи својата оставка од позицијата генерална секретарка на Унијата на жени, на својата фб страна.
„Како генерален секретар поставен од претседателката Рангелова сакам да изразам голема благодарност за довербата која ми ја даде во два наврати и правев се од себе за да ја извршувам функцијата најдостоинствено што можеше.
Рангелова и тимот ја поставија унијата на жени на високото скалило во партијата и така треба да продолжи.
Функцијата генерален секретар на УЖ на најголемата и најмоќната партија беше задоволство и предизвик да се извршува.
Давам оставка од оваа функција со искрени желби за уште посилни успеси на идниот тим кој ке ја предводи унијата .
Стојам на располагање на мојата партија почитувајки ги и извршувајки ги одуките и активности кои ке ми бидат доверени во иднина.
ДА ЖИВЕЕ ВМРО ДПМНЕ И УЖ НА ВМРО ДПМНЕ, напиша Затуровска.