Јанушев: За прв пат во историјата на Македонија се замрзнува имот на политичка партија

Сподели

 

Заев одлучи да го направи и последниот чекор и да го впрегне неговиот последен адут, партиското специјално јавно обвинителство и клиентелистички расположениот суд и да го замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ, обвини на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, откако денеска по барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Основен суд Скопје 1 , донесе решение со кое е изречена привремена мерка за обезбедување на имотот на најголемата опозициска партија.

Откако не успеаја преку разни притисоци, закани и уцени да ја скршат партијата и актуелното раководство, сега почнаа уште пожестоко да ги злоупотребуваат институциите и да се обидат да го попречат ВМРО-ДПМНЕ во своето работење. Вакво нешто не се случувало, ниту се случува во Европа кон која се стремиме, – изјави Јанушев на денешната прес-конференција. 

Ова е класична злоупотреба на институциите и правосудниот систем во исполнување на политичката агенда на Заев.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ бара под итно да се укине решението за привремената мерка донесена во текот на вчерашниот ден, како неосновано и недозволено.

Со ваквата одлука на судот незаконски се задира во правата на лица кои не се осомничени и во јавноста се испраќа порака на заплашување дека секој може да биде жртва доколку не се согласува или се спротивставува со политиките на Заев.

https://www.facebook.com/i.janusev/videos/310292962900934/