ХАН: Имав корисен разговор со Мицкоски – тој нема да го опструира Договорот од Преспа

Сподели

 

По средбата на конгресот на Европските народни партии помеѓу Јоханес Хан и Христијан Мицкоски, Хан твитна дека ја поздравува посветеноста на Мицкоски, да не го попречува Преспанскиот договор во Собранието.

„Бев кристално јасен дека ратификацијата на Преспанскиот договор сега мора да заврши брзо, без никакви пречки. Ја поздравувам неговата посветеност да не ја попречува постапката во парламентот. На ЕУ-интеграцијата ѝ треба лојална опозиција!“, напиша Хан на својот твитер профил.