Полска ја одбележа стогодишнината од крајот на туѓото владеење со палење на европското знаме

Сподели

Со завршувањето на Првата светска војна Полска повторно се појави на европската карта. Завршија 123 години туѓо владеење. Традиционалниот марш по повод денот на независноста кој го организираат полските националисти на овој ден, националконзервативната влада на ПиС (Право и Правда) го искористи за големи симболични демонстрации. Ова е првпат заедно да маршираат оние што се на власт со десните екстремисти. Претходните полски влади не сакаа да ги легитимираат радикалните групи, пишува Дојче веле.

„Ние сакаме голема католичка Полска“, извикуваа дел од демонстрантите. Други пак бараа уништување на „црвената банда со срп и чекан“. Минатата година можеа да се видат уште поагресивни транспаренти и да се слушнат уште похушкачки пароли. Владата на ПиС беше обвинета за преголема толеранција кон националистите.

Polen Demo zum Unabhängigkeitstag (picture-alliance/dpa/C. Sokolowski)Десни радикали на маршот во Варшава

Не може без насилство

Иако годинава маршираа заедно со владата, националистите сепак си имаа свои теми. Нивното мото гласеше „Господ, чест, татковина“. Членовите на радикалната „Сеполска младина“ го запалија европското знаме и скандираа „Доста со ЕУ“. Освен тоа, кон полицајците и левичарските контрадемонстранти фрлаа со шишиња и пиротенички материјали.

Видени се и знамиња на италијанската Форца Нуова. Нејзиниот шеф Роберто Фиоре, кој самиот себеси се дефинира како фашист, минатата година зборуваше во Варшава. Членовите на полскиот Национално-радикален камп (ОНР) се појавија како секогаш со свои знамиња, иако годинава владата повика да се носат само бело-црвени нацонални знамиња.

Polen Demo zum Unabhängigkeitstag (picture-alliance/dpa/A. Keplicz)

Политички тензии

Полска не била никогаш толку поларизирана како во мандатот на актуелната влада, која сега се обидува да го обедини општеството. „Цврсто сум убеден дека под полското знаме има доволно место за сите, независно од сопствените определби“, изјави претседателот Анджеј Дуда во текот на свеченоста на Гробот на незнајниот јунак во Варшава. Притоа, набројувајќи ги гостите, без око да му трепне го изостави претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, кој стоеше во третиот ред.