Се бара Никола Груевски – издадена потерница од МВР

Сподели

 

По налог на Кривичниот суд, МВР попладнево распиша потерница по Никола Груевски кој се бара за отслужување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.

-Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето за кое прашувате и на 12 ноември 2018 година во 16.30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање на потерница. МВР веднаш откако му е доставена постапува по наредбата се вели во информацијата од Кривичен.

„Никола Груевски, од татко Тало и мајка Надежда, роден на 31.08.1970 во Скопје се бара за пронаоѓање и приведување заради извршување на казната затвор во траење од две години за сторено кривично дело- примање награда за противзаконито влијание од чл. 359 ст.2 од КЗ“, пишува во потерницата каде е објавена и негова фотографија со назнака дека се работи за национална потерница, што значи дека важи за територијата на Република Македонија.