Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага за бегството на Никола Груевски.
Од ОЈО соопштуваат дека „следејќи ги информациите во врска со бегството на осудениот Никола.Груевски, како и написите на медиумите и интересот на јавноста, оформи предмет по допрен глас.
Во врска со настанот постојат основи на сомневање дека одредени службени лица, злоупотребувајќи ја својата службената положба и овластување, му овозможиле на осудениот нелегално да ја напушти Република Македонија. Предметот е доделен на надлежен обвинител и во рамки на предистражната постапка издадени се Наредби за прибирање податоци поврзани со настанот“ се вели во соопштението.
Портпаролот на владата Миле Бошњаковски денеска информира дека внатрешната контрола на МВР веќе започнала со испитување на евентуална вклученост на претставници од полицијата во планот за бегство на Груевски. МВР истражува на кој начин Груевски ја напуштил Македонија, како и дали имал надворешни помагатели.