ЗОРА
Се буди улицата и
се замива со светлина.
Низ прозорецот нерасонет,
со сонцето-бебе кое се поткрева
за да ѕирне надвор од колевката,
низ облаците што наскоро ќе бидат
издувани од прецизните метеоролози.
Првиот тркач и последниот пијаница.
Ѓубреџиите кои ги обезвреднуваат
контејнерите.
Кучиња кои не смеат да мочаат дома
и стопани кои не смеат да пушат дома.
Веројатно најубавиот дел од денот
што ретко го доживуваме.
Зората е недофатлива тајна,
меѓупериод што како риба
му се лизга на погледот што
насон нурка од темно кон светло.
Нашата љубов е како зората,
секојдневна и неминовна,
штета што најчесто
ја преспиваме.