Иако амандманите на Резолуцијата за Македонија, со кои Европскиот Парламент побара Унгарија да го екстрадира во Македонија избеганиот поранешен премиер и осуденик Никола Груевски, немаат правно дејство, туку повеќе се етичко-морален став, сепак станува збор за мерка што е непопуларна за Унгарија, вели за „Мета“ универзитетскиот професор и ректор на ФОН, Нано Ружин.
– “Дејство, од правен аспект, нема. Повеќе се работи за етичко-морален став на ЕП. Така е затоа што во овој момент ЕУ не е супранационална институција, туку секоја држава го задржува своето право, особено во доменот на политичкиот систем, правото и т.н. Но како и да е, сепак е една мерка која што е непопуларна за Унгарија. И го руши угледот како држава, како политички систем, како демократија, и нормално кога понатаму би се градел еден општ став за евентуални санкции, овие амандмани би биле еден вид аргументи против Унгарија” – објаснува Ружин.