ТРАДИЦИОНАЛНА ПЛАНИНАРСКА ЗАБАВА БЕЛИЧИЦА 2016

Сподели

MDtradicionalnaplaninarskazabavabelicicasportskinastani

Беличица, 18 Јуни

 Драги планинари и вљубеници во планинските убавини

Пред 8 години сигурно бевме едни од првите кои се зафативме со организирање на Outdoor настани во нашата земја и тоа беа супер незаборавните забави на Бегово Поле .После 5 години убави незаборавни дружења од различни причини моравме да се повлечеме од Бегово Поле и во 2013год традицијата за ваков тип на забави да ја префрлиме во срцето на Маврово и Бистра односно селото Беличица . Две години се забаваувавме и уживавме во убавините на Бистра во забава до доцна во ноќта ,,минатата година од разбирливи причини не бевме во можност да се дружиме но оваа година еве не повтороно со супер најава за забава на истото место и повторно на средба со цветните и миризливи ливади на Бистра, преубавото Сенечко езерце во прегратките на Езерски Врв (2.014 м.н.в.), неповторливата патека до врвот Меденица (2.163 м.н.в.), со фасцинантниот поглед на Кораб, Крчин, Бабин Срт …

На средба со ноќта под ѕвезденото небо на на самиот почеток на летото во шатори и со вкусот на планинскиот чај и секако – дружење покрај логорски оган.

За музиката задолжени ќе бидат диџеите

-Тони Димитров и Клара

Забавата, дружењето и искачувањето врвови ќе биде по следната содржина:

18.06.2016 година (сабота):

  • 07:00 часот – тргнување од пред поштата кај Новата железничка станица во Скопје;
  • 09:00 часот – пристигнување во с. Трница и пешачење до планинарскиот дом Беличица, во истоименото село во траење од 1 час и 30 минути. Пристигнување и по кратка пауза започнување со поставувањето на шаторите и кампот .Членовите на ПК:Макеодн ќе бидат таму присутни и ќе му пружат помош на секој што има потреба околу местење на шаторот

НАПОМЕНА – секој учесник си обезбедува шатор за себе , доколку некој сака да биде дел од забавата а нерасполага со шатор нека се јави навремено во клубот за да му се обезбеди (клубот располага со ограничен број шатори) , Ќе биде обезбеден превоз на шаторите и камп опремата на секој учесник кој има потреба од тоа по пристигнувањето во Трница до Беличица

  • По сместувањето во зависност од времето на располагање и афинитетот на поединците, ќе се формираат две групи, едната група посетители кои се раположени за уживање во околината на с. Беличица и втората група, која ќе го искачува Езерски Врв;
  • 12:00 часот – тргнување кон Езерски Врв (2.014 м.н.в.) со времетраење на пешачење 3 часа во еден правец;
  • 18:00 часот – враќање на групата од Езерски Врв, време за вечера и краток одмор;
  • 21:30 часот – започнува планинарската забава, чие времетраење е до раните утрински часови.
  • -во текот на слободните активности и прошетките членови на клубот за заинтересираните ќе одржат кратка презентација за ориентација во просторот , користење компас и сл.

19.06.2016 година (недела):

  • 05:00 часот – тргнување на групата која ќе го искачува врвот Меденица (2.136 м.н.в.)
  • 09:00 часот – час по јога за ранобудните учесници;

-11:00 часот –час аеробик

  • 15.00 часот – враќање на групата од врвот Меденица;
  • 17:00 часот – организирано тргнување на сите учесници од планинарскиот дом „ Беличица” кон с. Трница;
  • 19:30 часот – тргнување од с. Трница кон Скопје, со претходно организиран превоз од страна на организаторот;
  • 21:00 часот – пристигнување во Скопје.
  • Во текот на двата дена ќе се прикажуваат проекции на кратки аматерски филмови и видеа од искачување направени од членовите на клубот како и документарци од светски рамки со слична тема

Како и демонстрација на slackline (одење по јаже)

Цена на целиот аранжман:

  • 650 денари по особа (вклучен превоз до Трница , место за камп , планински чај, пакет со енергетски бар , овошје

ЗА КУПЕНА КАРТА ВО ПЕРИОДОТ ДО 10ти ЈУНИ ЦЕНАТА ЌЕ БИДЕ 550ден

  • 200 денари за лица кои на забавата ќе дојдат со сопствен превоз.(обезбедено место за камп)

Картите ќе може да се обезбедат и подигнат на контакт телефоните:

  • Тони 072 243 939

-Петар 075 322 059

-Дуле – 078 310 552

-Бојан 071 273 299

на состанок на Клубот – во предавална бр. 111 на Електро Факултетот во Скопје, секоја среда од 20:00 часот. Или на дополнително одредени места кои ќе бидат објавени во текот на деновите пред нас

Организаторот ПК.Македон има за право да ја менува зададената програма во зависност од условите на самото место , секој учесник е задолжен да ја почитува таквата одлука

БРОЈОТ НА СМЕСТУВАЧКИТЕ КАПАЦИТЕТИ Е ОГРАНИЧЕН !!!

  • Со оглед на тоа што севкупното одржување на планинарската забава ќе се одвива во рамките на Националниот Парк Маврово, секој посетител ќе мора да се придржува кон мерките за безбедност определени од страна на организаторот. Во спротивно, истиот нема да сноси никаква одговорност за евентуално несаканите последици.

МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ И КОРИСНИ СОВЕТИ

За да можете максимално да уживате во природните убавини на планините, непоходно е пред сѐ да бидете безбедни и да се чувствувате удобно за време на престојот во неа. Затоа, препорачливо е да се придржувате кон следните совети:

  • ОБУВКИ – високи, лесни обувки, кои не пропуштаат вода. Добро е обувките да се предвидени за движење во планина во летни услови и да се барем половина до еден број, поголеми од вашите вообичаени обувки;
  • ЧОРАПИ – носете повеќе чорапи, пожелно е 6 пара за два дена, од кои 3 пара волнени и специјални чорапи за планинарење. Најдобар начин да се избегнат плускавци на стапалата е да се носат два пара чорапи и кондурите да се доволно цврсто врзани до горе ( не и престегнати);
  • ЗАШТИТА ЗА СОНЦЕ – препорака е да се носат очила за сонце со висок степен на УВ заштита и средство за сончање со што повисок фактор. Добро е главата да се покрие со капа или марама;
  • ЗАШТИТА ОД ДОЖД – во случај да врне, носете шушкава јакна или друга јакна, која не пропушта дожд и/ или кабаница;
  • ВОДА – препорачливо е да носите најмалку 1 литар вода или не многу засладен чај за пиење. Газираните пијалоци само привремено ја гаснат жедта.
  • ХРАНА – пред пешачењето се препорачува лесна храна, богата со јаглени хидрати. За време на пешачењето сѐ препорачува високоенегетска храна: бонжита, суво овошје, јаткасти овошја и сл. Пресметајте го количеството храна во број на потребни оброци и секогаш носете резерва лесна храна, во случај престојот во планина од било која причина да се продолжи;
  • ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА И ЛЕКОВИ – планинарска книшка (ако имате) или друг документ за лична идентификација. Батериска ламба (најдобро челна лампа), џепно ноже, влажни марамчиња за лична хигиена, лабело, стапови за одење – штеки, ќеса за собирање на сопственото ѓубре.
  • Прирачна аптека: аспирин, парацетамол, ханзапласт, завој, еластичен завој, фластер, средство против дијареа (Линекс или слично).
  • Ранец кој удобно Ви лежи на грбот, а во случај на дожд, работите кои ќе ги пакувате во ранецот претходно добро замотајте ги во најлон ќеса,. Тешките работи ставајте ги најдолу во ранецот. Ранецот да не е потежок од 20% од тежината на возрасен човек.

-средство за заштита од комарци , АУТАН ,,

ПРЕПОРАКА ЗА ВРЕМЕ НА ДВИЖЕЊЕ НИЗ ПЛАНИНА:

  • При движење на колоната ќе има видно означени водичи на почетокот, на крајот и во самата колона;
  • Почитувајте ги препораките на водичите и консултирајте сѐ со нив, доколку имате проблеми во текот на движењето по планините;
  • Внимавајте со употреба на алкохол за време на престојот во планина, бидејќи тој во голема мерка ја намалува психофизичката кондиција и ја намалува вашата безбедност во планината;
  • Неопходно е да ја сочуваме планината незагадена, да ја оставиме чиста и таква да ни биде кога и следен пат ќе ја посетиме. Затоа, сопственото ѓубре за време на движењето и престојот собирајте го во ќеса и истото фрлете го во најблискиот контејнер