Заменик-државниот секретар на САД, Џон Саливан денеска во Македонија

Сподели

Заменик-државниот секретар на САД, Џон Саливан денеска ќе престојува во посета на Скопје.

Саливан ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, по што ќе одржат прес-конференција во Владата на Македонија, а потоа ќе има средба со претседателот Ѓорге Иванов.

Саливан е највисок функционер на Стејт департментот кој од 2001 година доаѓа во официјална посета на Македонија.

Според најавата од Стејт департментот, заменик-државниот секретар на САД во Скопје ќе разговара за регионалните прашања и ќе ги охрабри македонските власти да продолжат со реформите и спроведувањето на Договорот од Преспа.