Бошњаковски: Ќе се донесе помирување – нема да има амнестија за организаторите или тие кои учествувале или извршиле насилство

Сподели

„Владата многупати има повторено дека во моментот се случуваат историски процеси. Интеграција на Македонија во НАТО и во ЕУ. Ова се процеси кои ја движат Македонија напред. Поддржуваме акти со кои ќе се дефинира помирувањето. Јасно ќе се разграничи насилството, наспроти присуството во Собранието. Овие политички одлуки, носат политичка одговорност. Мешање во судството нема да има по било која основа. Ќе се донесе помирување и јасно е дека нема да има амнестија за организаторите или тие кои учествувале или извршиле насилство“, порача Бошњаковски на денешната средба со новинарите.”

Изјави, Миле Бошњаковски порпарол на Владата на РМ