Усвојувањето на законот за амнестија за лицата вклучени во настаните во Собранието на 27 април 2017 година, поздравен е и од Маја Коцијанчич, портпарол на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика и за европска соседска политика и преговори за проширување.
– Одлуката на Собранието да го усвои законот за амнестија со големо мнозинство е важен чекор за помирување во општеството и за потребата за надминување на болната поларизираност. Овој процес е клучен за потпомагање на изградбата на национален консензус за стратегиските прашања во интерес на земјата. ЕУ очекува овој закон да не повлијае на независноста на судовите, кои се единствените што треба да решаваат кој бил вклучен во организирање или извршување насилство или кој не ги извршил своите официјални должности на 27 април 2017 – порача Коцијанчич.