За време на ВМРО-ДПМНЕ поскапувањето на струјата за 100% е факт

Сподели

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски преку погубните политики во енергетиката, ја укинаа евтината тарифа на струјата, ја поскапеа за 100 отсто електричната енергија и принудија илјадници домаќинства да престанат да се греат на струја и да преминат кон нееколошки начини на загревање.

Поскапувањето на струјата за 100% е факт. Не може неспособниот Мицкоски да побегне од 11 години погрешни, криминални политики, ниту пак од неговата одговорност како прв човек на ЕЛЕМ.

Поради скапата струја, семејствата беа принудени да преминуваат на поевтини и помалку еколошки начини на греење. Тоа беше директна причина за зголемување на загадувањето на воздухот.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски како генерален директор на ЕЛЕМ нанесоа огромни штети врз граѓаните но и врз енергетскиот сектор.

Граѓаните ги паметат скандалите на ВМРО-ДПМНЕ, како се планираа 14 милиони евра за рајска градина во време кога имаше постојан пад на производството, а Македонија беше зависна од увоз на струја.на струја, – се вели во соопштението на СДСМ.