САД и Израел и официјално го повлекоа членството во УНЕСКО, организација на Обединетите Нации за култура, наука и образование, а ваквата одлука ја донесоа поради наводно промовирање на антиизраелски ставови во оваа организација – пренесе Макфакс.
Одлуката за повлекување стапи на сила со почетокот на 2019 година, откако претседателот на САД, Доналд Трамп, и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, ја објавија во 2017 година. Овој потег е од процедурална природа, но претставува удар за УНЕСКО.
САД инаку се меѓу земјите основачи на УНЕСКО по Втората светска војна.
САД го суспендираа финансирањето на УНЕСКО откако агенцијата ја прими Палестина во 2011 година. Вашингтон побара да се спроведе фундаметнална реформа во агенцијата, која е најпозната по својата програма за заштита на светското културно наследство и традиција.